Менаџер за логистика и набавка

 Со цел зголемување на ефикасноста на логистичките операции во Макпромет, вработуваме менаџер за логистика и набавка.

Работните обврски за ова работно место вклучуваат:

  • Стратешко планирање на логистиката за увоз на суровини, извоз на производи и трошоци за логистика;

  • Конструирање на квантитативни финансиски модели за анализа на трошоци за транспорт и логистика;

  • Планирање на набавките;

·       Барање на потенцијални добавувачи;

·       Комуникација со постоечки добавувачи;

·       Анализа на цената на берзански производи;

·       Оптимизирање на ланец на снабдување;

·       Организирање на присуство на саеми;

·       Анализа на тековна залиха, и спроведување на попис за усогласување на сметководствената со фактичката состојба во магацините;

·       Развива и ажурира база на контакти, врши евиденција на продажни активности;

·       Ги почитува документираните процедури од воведените меѓународни стандарди;

Потребни квалификации

·       Познавање на царински постапки, и основни познавања на условите на камионскиот, авионскиот и поморско-контејнерскиот транспорт;

·       Работно искуство од 2 години ќе се смета за предност;

·       Валидна возачка дозвола, Б категорија;

·       Одлично познавање на MS Office пакетот;

·       Одлично познавање на Англиски јазик.

·       Познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност.

·       Познавања од квантитативни финансиски модели

 

За да аплицирате пратете го вашето CV на vrabotuvanje@makpromet.com.mk благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.