Деловни простории за изнајмување во Скопје и Штип

Доколку сте во потрага по деловен простор за да ја остварите вашата бизнис идеја, само со неколку клика може да ги разгледате просториите кои се достапни за изнајмување и продажба. Ви нудиме сеопфатни решенија за изнајмување на спремни деловни простории за компании од секоја индустрија. Барајте не на долунаведениот број, и закажете посета за да го запознаете просторот каде вашиот бизнис може да се развива. Како дел од вашето селење или проширување во некоја од нашите деловни простории, можеме да ви помогнеме во остварувањето на сите прилагодувања на просторот што ви се потребни. Исто така, приклучувањето на електричната инфраструктура до нашите приватни електрични трафостаници е бесплатно!

Во Гази Баба, во Скопје, на само 10 минути од центарот на градот можеме да ви понудиме деловни простории со вкупна површина од 29 000m² и дополнителни 40 000m² градежно земјиште околу објектите. Во овој комплекс можеме да ви ги понудиме канцеларии, подрумски простор соодветен за сервери, магацински простори, простори што ги задоволуваат HACCP стандардите за производство на храна, и простории соодветни за производство на секакви производи од лесната индустрија. Во рамки на индустрискиот простор имаме и сопствен бунар со капацитет од 70 l/s што лесно може да се прилагоди за вашите потреби.

Во Штип можеме да ви понудиме деловен простор во рамки на индустрискиот комплекс Македонка, во кој спаѓаат згради со вкупна површина од 70 000m² и 31 00m² градежно земјиште. Првиватните електрични трафостаници во овој комплекс имаат вкупен капацитет од 18 MW, а од бунарите може да се обезбеди проток од 60 l/s.

Дворот на деловниот простор што го изнајмувате од нас е обезбеден од нашата чуварска служба, а истовремено ние сме одговорни за неговото осветлување и одржување.

За повеќе информации, или посета на некој од долунаведените простории за издавање контактирајте не на +389 75 441 048.

ПРОСТОР 1350m2

Простор со површина од 1350m2 со посебен влез за вработените и одделен пристап за товарни возила (мал или голем вилушкар) со рампа и со широка врата од 4м и висина 2 метри со можност за дополнително проширување. Во склоп на работната површина има два тоалети; еден женски и еден машки, гардеробер и канцеларија. Со висина од 4,2 метри па се до 12 метри, поплочен и со присуство на дневна светлина, просторот е погоден за секаков вид на производство и подготвен за поставување на големи машини.

 

простор 300m2

Површина која одговара за компании од преработувачката индустрија. Со работен простор од 100m2, во кој има и тоалет и канцеларија. Во склоп со магацински простор од 100m2

простор 380m2 (HACCP систем)

Простор со површина од 380m2 со посебен влез за вработените и посебен излез за роба. Опремен со два клима уреда, канали за довод на воздух, одводни канали на неколку локации што овозможува перење на целата површина. Одделен простор за складирање на готов производ и посебен простор за складирање на суровини. Просторот е изработен од висококвалитетни плочи, има присуство на дневна светлина.

Канцелариски простор 650m2

Во административната зграда на ГОДЕЛ се издаваат 6 реновирани канцеларии со ламинатен под, скоро избелени ѕидови и пристап до струја.

Истите можат да се изнајмат на една или повеќе фирми.

Работна површина 640m2 на два спрата

Работна површина со пластичен под на два спрата во чиј склоп има кујна, канцеларија и гардеробер.

Осветлена работна површина со електрична и природна светлина.

Магацински простор 360m2

Магацински простор од 360 метри квадратни со широка врата за роба од 2,8 метри со пристап за товарни возила, како и посебен влез за вработени. Опремен со плочки, струја и вода.