Свежо од пекарАТА секое утро, за вас.

Од 1957 година, пекарницата МАКПРОМЕТ испорачува свеж леб и печива на повеќе од 200 пазари. Производството и дистрибуцијата на нашите производи ги исполнуваат барањата на HACCP системот, а квалитетот на нашите производи и состојките што ги користиме континуирано се тестираат во акредитирани лаборатории каде што се вршат дополнителни тестови што ги уверуваат нашите потрошувачи дека консумираат природни, свежи, здрави и вкусни печива.

Доказ за нашиот квалитет е фактот дека во период од 50 години, повеќе од 65% од вкупното население го избрало Макпромет со брендот Мој леб како дел од својата исхрана.

Во нашата понуда можете да најдете Тост лебови, 'Ржан леб, Интегрален леб, како и најпродаваните лебови Нутривита (со 'ржано брашно или пченична прекрупа).

Традиционална погача (достапна и во форма на ружа или цвет).

Задоволете ги вашите прехрамбрени желби со нашите најпродавани пекарски производи, изработени со многу внимание и високо квалитетни состојки. Од здрави лебови до декадентни десерти, почестете се со вкусовите што ги поттикнуваат нашите клиенти да се враќаат повторно.

Кифли- кроасани со сусам.

Домашна погача во форма на цвет.

Нашата пекара нуди можност за подготовка на пекарски производи по ваша желба и нарачка – од традиционални погачи и лебови до уникатни форми и специјални рецепти. Без разлика дали подготвувате семејна свеченост, деловен настан или едноставно сакате нешто посебно за вашата трпеза, ние ќе го создадеме со истата љубов и внимание како и нашите редовни производи.