АД “Макпромет” од 1973 година стопанисува како семејство на членови кои се потврдени во доменот на традиционалното како и во вредностите од еснафското работење збогатени, уште со нови услови за работење и со модерни технологии.
   А.Д. МАКПРОМЕТ опфаќа различни производствени и функционални единици технолошки независни:
- производство на кондиторски призводи; дооел „ЕВРОПА“
- производство на леб и бели пецива; дооел „Жито леб“
- печатарски производи; дооел „Илинден 2002“
- трговија на големо и мало дооел „Снабдител“.
   АД “Макпромет” брои 250 вработени кои се искусни секој во својот домен на работење.
   Предизвици со кои секојдневно се соочува на сите полиња во сопствениот делокруг на работење успешно ги разрешува раководејќи се според едноставниот принцип, креирање на деловен систем за квалитет ориентиран кон купувачите. Поставената цел е единствена: со квалитет да ја задржиме довербата на коминтенти.