Секој вкус си има своја приказна, нашata започна во 1957 година.

Во 1957та година, неколку произведувачи на слатки од Штип ги споија своите знаења и генерациски наследени рецепти за да ја формираат корпорацијата која ја именуваа Европа; име кое ја симболизира нивната заедничка цел; производство на слатки кои ќе ги задоволат потрошувачите со најразлични вкусови, култури и традиции. Откако вкусот на Европа стана препознатлив на пазарот, нашиот производствен капацитет континуирано се зголемува за да ги задоволи вкусовите на новите генерациии.

За да го достигнеме брзиот раст, ние ја инвестиравме сета наша енергија во задоволување на вкусовите на клиентите и нашата репутација кај бизнис партнерите. Ги исполнивме овие цели поради контролниот систем во три чекори и доверливоста при остварување на бизниси.  Со нашиот контролен систем сировите материјали се екстра квалитетни и половичните и готовите продукти ги исполуваат како внатрешните, така и стандардите на HACCP системот.

Според нашите внатрешни стандарди од моментот на нарачување, нарачката мора да биде испорачана во рок од максимум  триесет дена. Како резултат на тоа, имаме добиено повеќе од 30 награди за извонреден квалитет, а нашите производи се достапни во 23 држави и тоа; САД, Германија, Швајцарија, Австрија, Израел, Шведска, Данска, Италија, Полска, Романија, Унгарија, Република Чешка и Балканскиот Полуостров.

 

Слаткото патување што започна во Штип, денес го споделуваме со светот.

 

 

 
 
ЧУНГА ЛУНГА ОФИЦИЈАЛНА ВЕБ СТРАНА

 Децата растат во друштво на Чунга Лунга.

ЧУНГА ЛУНГА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ ВО СВЕТОТ.

Како бренд кој секогаш носи боја, радост и енергија повеќе од 50 години, Чунга Лунга е докажано општествено одговорен бренд, фокусиран на заштита и промоција на децата и нивниот развој. Вистинската вредност компанијата ја гледа во враќањето кон заедницата, поддршката на најмладите и грижата за средината во која живееме.

Чунга Лунга во континуитет:

ја промовира важноста на креативноста и едукацијата кај децата преку разни настани и активности на социјалните мрежи како што е Чунга Лунга Шоу со емитување на една епизода неделно, објавување на кратки анимирани видеа со ликовите од дружината на Чунга Лунга и објавување на едукативни постови на социјалните мрежи каде се нагласува пријателството и потребата од споделување на убава енергија. Учествува на фестивали преку организација на Чунга Лунга фестивал и Златно Штурче, учествува во Кинотека со детски анимирани филмски работилници и при Музеј на модерната уметност каде на Стрип фестивалот ги едуцира децата како се прават стрипови.

ги поддржува здравите навики кај младите и спортскиот дух преку долгогодишно спонзорирање на спортски активности како кошарка, пливање, боречки вештини, карате и тенис во Македонија.

активно ги поддржува децата во основното и средното музичко училиште во Штип во насока на поттикнување на нивната љубов кон музиката, уметноста и креативниот израз.

се залага за одржливост и почиста животна средина преку создавање на производи во кои се користат органски бои и амбалажи.

и ја поттикнува анти-дискриминацијата, соработката и солидарноста во заедницата преку постојано спонзорирање и донирање на производи со цел Чунга Лунга производите да бидат достапни за секое дете од светот.

Мисијата на Чунга Лунга е едноставна – да внесе повеќе насмевки, позитивна енергија и инспирација во секојдневието. Затоа, секој настан со Чунга Лунга е повеќе од забава – тоа е порака за другарување, меѓусебна грижа и забава. 💚

 
ЧУНГА ЛУНГА КАТАЛОГ