Фармацевтски технолог

 Бараме фармацевтски технолог за развој на производи и контрола на квалитет во фабриката за производство на кондиторски производи Европа ДООЕЛ Штип.

 

Работните обврски за ова работно место вклучуваат:

·        Развој на нови производи;

·        Контрола на квалитет на суровина;

·        Контрола на квалитет во производниот процес;

·        Контрола на квалитет на крајниот производ;

·        Обучување на вработени;

·        Воспоставување на стандардни оперативни процедури;

·        Планирање на производство;

·        Следење на конкуренцијата и вкусовите на потрошувачите;

·        Оптимизирање на состав на продукти;

·        Следење на научна литература за развојот на индустријата.

 

За ова работно место бараме фармацевти со темелни познавања на аналитичката хемија, и фармацевтска технологија. Кандидатите кои имаат одлично познавање на англискиот јазик, искуство со менаџирање на проекти, кулинарски способности и возачка дозвола ќе имаат предност во процесот на селекција. За да аплицирате пратете го вашето CV на vrabotuvanje@makpromet.com.mk благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.