
Децении на извонредност во печатењето, овозможено од најсовремена технологија.
Почетоците на печатарската дејност во Штип и регионот кои се идентификуваат со денешната печатница Илинден, се бележат во 1944. Почнувајќи со скромна технологија практикувајќи висок печат (оловни букви), локалното население се информирало за битките што се воделе во регионот за време на Втората Светска Војна. Во 1975г. печатницата се модернизира и го воведува и рамниот печат (офсет печат) што го користиме за печатење на учебници, книги, списанија, етикети, плакати, покани, обрасци и картонска амбалажа. Исто така нудиме и услуги за доработување како: тврд и мек повез (книговезница), пластификација, ламинирање, штанцање, сечење, лепење, обликување и правење на различни видови кутии.
Технологијата што ја користиме ја доградивме неколку пати за да можеме да го достигнеме нашиот сегашен месечен капацитет од 150 тони, а истовремено да го намалиме и времето на испорачка. Користиме ЦТП (Computer-to-plate) технологија што ни овозможува да ја испорачаме најбрзата услуга за печатење во регионот.
Во 2004, Делпак, компанија што нуди печатарски услуги користејки технологија наречена ротогравура, индиректно се придружи на фамилијата Макпромет. Така се формираше тимот Илинден - Делпак што ја зголеми нашата палета на понудени услуги, до степен каде што ги опфаќаме сите печатарски услуги. Печатницата Делпак има месечен капацитет од околу 300 тони хартија на која повеќето модификации се возможни.
Обложена хартија (лист/ролна) / Обложена картон (лист) / Самолеплива хартија (лист) / Самокопчувачка хартија (лист) / Необложена хартија (лист/ролна) / Хартија за етикети (лист/ролна) / BOPP (ролна) / PET (ролна) / CPP (ролна) / Алуминиум (ролна)
Нудиме целосна палета на бои за висококвалитетно печатење. Од основни CMYK нијанси до специјални Pantone тонови со различни ефекти - сè што ви е потребно за да ја истакнете вашата идеја и да ја остварите. Без разлика дали станува збор за деловни материјали, пакување или промотивни производи, ние обезбедуваме совршено совпаѓање на боите и извонредни визуелни резултати.
Квалитет што се издвојува на прв поглед.
Со задоволство ви нудиме најдобра услуга за принтање на вашите налепници, пакувања, кутии или промотивен материјал. Доколку немате дефинирано дизајн, доверете ни се за да го добиете најатрактивниот производ на полиците во маркетите. Секоја идеа што ја имате, нашите дизајнери можат да ја пресликаат на вашата амбалажа. Користејќи ја најсофистицираната технологија во регионот, Илинден и Делпак се етаблирани на пазарот како тим што ги нуди сите печатарски услуги со врвен квалитет, а најниска цена. Реномирани компании во регионот како Брилијант, Витаминка, Винчини, Виталија, Просветно Дело, Ѓурѓа, Рио Кафе, Комерцијална Банка, Млекара Штип и многу други ни се имаат доверено да ја обликуваме естетската надворешност на нивните добро познати производи.
Технологија од компјутер до плоча. 2000 тона готов производ годишно. Вклучувајќи опции за сечење со калапи, лепење, ламинирање и превиткување.
Ротогравура и флексо печатење. 4000 тона готов производ годишно. Восочна хартија.