Менаџер за меѓународна продажба

 Поради потребата од проширување на пазарите на кои извезуваме бараме кандидати кои би менаџирале со конкретни извозни пазари.

 

Работните обврски за ова работно место вклучуваат:

  • Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба;

  • Конструирање на квантитативни финансиски модели за анализа на пазар, трошоци, дистрибуција и маркетинг;

  • ·       Барање на потенцијални клиенти

  • ·       Комуникација со постоечки клиенти

  • ·       Анализа на пазари

  • ·       Оптимизирање на ланец на снабдување

  • ·       Организирање на присуство на саеми

  • ·       Планирање и спроведување на годишен план за продажба;

  • ·       Подготовка на извештаи за продажба;

  • ·       Администрирање на буџетот наменет за продажба;

  • ·       Води контакт листа на клиенти и ги информира за новите услови или за новите настани организирани од страна на Макпромет;

  • ·       Подготвува маркетиншки проекти и ги поврзува внатрешните и надворешните соработници при нивната реализација;

  • ·       Подготвува, спроведува, следи промоции, комуникации и активности за зголемување на продажбата;

  • ·       Развива и ажурира база на контакти, врши евиденција на продажни активности;

  • ·       Ги почитува документираните процедури од воведените меѓународни стандарди;

  • ·       Учествува во развој на нов производ;

 

Потребни квалификации

·        Работно искуство од 2 години ќе се смета за предност;

·        Валидна возачка дозвола, Б категорија;

·        Одлично познавање на MS Office пакетот;

·        Одлично познавање на Англиски јазик.

·        Познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност.

·        Познавања од квантитативни финансиски модели

 

За да аплицирате пратете го вашето CV на vrabotuvanje@makpromet.com.mk благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.