Производител на кондиторски производи

Поради зголемен обем на работа имаме отворен оглас за 10 нови работни места во фабриката Европа за производство на кондиторски производи. Нудиме стабилна работа, со редовни примања, вклучен оброк на работното место, одлична локација блиску до центарот на градот, и редовно исплаќање на регрес за годишен одмор. Просечна плата за оператор: од 19.000 МКД до 24.000 МКД со редовно покачување.

Потребни квалификации:

  • минимум Средно образование,

  • работно искуство ќе се смета за предност,

  • способност за тимска работа,

  • позитивен и енергичен пристап кон работата;

  • високо ниво на точност и педантност;

  • подготвеност за работа во 2 смени

Аплицирајте со испраќање на вашето CV на dance@makpromet.com.mk, лично дојдете во управната зграда на ул. Д-р. Слободан Јовановски 3, Штип, или пополнете го долунаведениот формулар.