НЕДВИЖНИНИ

Нашето порфолио на недвижности вклучува независни магацински простори во Скопје, Штип и Св. Николе, комплекс на објети во Скопје во Гази Баба, и комплекс на објекти во Штип (поранешна Македонка). Нудиме канцелариски простор, изложбени салони, магацински простор, и простор пригоден за лесна индустрија. Кај сите простори има довод на оптички кабел, со што овозможува поврзување на интернет и телефон за кратко време. Сите простори во нашето портфолио имаат паркинг простор, патен пристап, и овозможуваат влез и истовар на камиони. Во индустриските објекти има 24-часовно обезбедување, а обезбедуваме и целкокупна поддршка за модификација и прилагодување на електричната мрежа и водовод, а согласно вашите потребни нудиме и градежни услуги за адаптација на просторот. Кај индустриските објекти возможно е и поврзување со приватните бунари кои веќе се лоцирани во комплексот. За повеќе детали и посета ви стоиме на располагање.

Лице за контакт: Никола

+389 75 441 048

realestate@makpromet.com.mk

Локација на недвижности во Скопје

 

Локација на недвижности во Штип

 

500M2 Изложбен салон или канцелариски простор

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Штотуку реновиран простор исполнет со дневна светлина кој е идеален за изложување на вашите производи. или оформување на отворена канцеларија. Влезот е препознатлив, насочен кон влезот на комплексот, а и преку прозорите имате одличен поглед кон дворот. Просторот вклучува 2 тоалети, и мал магацински простор во подрумот, соодветен за инсталирање на парно, печка на пелети или складирање.

Изложбен салон или магацински простор 800M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Нудиме простор соодветен за изложување на вашите производи или користење како магацински простор. Влезот има одлична препознатливост и пристап до паркинг спроти влезот. Освен канцелариите, просторот е отворен и лесно прилагодлив на вашите потреби.

Подрум со пристап на камиони 2000м2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Издаваме подрумски простор од отворен тип до кој има лесен, широк и накосен пат за пристап. Овој простор е соодветно економично решение за складирање на вашата роба, а може да се прилагоди и во серверска фарма. Целокупниот подрумски простор има прозорци, така што има и одредено количество дневна светлина. Доколку ви е потребно, има соодветен отвор и за инсталирање на лифт.

Деловен простор 8000м2

Локација: Амзабегово, Св. Николе

 

КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОР  650M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Нудиме шест неодамна реновирани канцеларии, исполнети со дневна светлина за закуп кои се подготвени да се преселите уште утре! Овие канцеларии се наменети за групно издавање, во прилог на фотографиите е прикажен и просторниот план. Во секоја просторија има веќе наметена електрична инсталација, осветлување и интернет конекција преку оптички кабел. На спратот има заедничка кујна, 2 тоалети, и остава за средства за чистење кои се наменети за користење на сите што го користат канцеларискиот простор.

1350M2 Деловен простор за ПРОИЗВОДСТВО ИЛИ СКЛАДИРАЊЕ

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Овој производствен или складишен простор од 1350 м2 доаѓа со посебен влез за работници и посебен пристап за вилушкари. Оваа 4 метри широка, 2 метри висока врата за пристап на виљушкар вклучува рампа и може дополнително да се прошири. Висината на таваните не е еднаква, и се движи од 4.2m до 12m. Оваа област вклучува 2 плакари за перење, соблекувална и канцеларија. Поголемиот дел од подот е покриен со плочки, а сите соби имаат широк прозорец кој овозможува доволно дневна светлина. Областа е погодна за секаков вид на производство и е погодна за поставување на големи, тешки машини.

изЛОЖБЕН САЛОН И КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОР 900м2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Во завршна фаза на изградба е нов изложбен салон на приземје, со предвиден канцелариски простор на првиот спрат.

380M2 ПРОИЗВОДСТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

Издадено.

Канцелариски простор 640M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Овој деловен простор лоциран на вториот спрат е исполнет со дневна светлина и простран отворен простор, лесно прилагодлив на вашите потреби. Двете широко отворени соби имаат мала кујна, канцеларија и област која може да се користи како гардероба.

Магацински простор 360M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Овој простор за складирање од 360m2 има широка 2.8m врата која има пристап за тешки товарни возила и посебен влез за вработените. Во моментов просторот вклучува мал деловен простор, но може да се прилагоди на потребите на вашиот бизнис. Магацинот располага со плочки.

ИНДУСТРИСКИ ПРОСТОР 400M2 + 500м2 дворно место под покрив

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Лесно пристапен, и простран простор со високи тавани идеален за магацинско работење, или лесна индустрија.

ИНДУСТРИСКИ ПРОСТОР 300M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Издадено.