DSC_0070.jpg


Солиден партнер во повеќе индустрии

Локална мрежа × глобален пристап

Локални индустрии со глобален потенцијал

МАКПРОМЕТ е македонска корпорација која е разгранета во повеќе индустрии. Во нашата фамилија од бизниси се пекарницата ЖИТО ЛЕБ, производството на кондиторски производи ЕВРОПА и печатницата ИЛИНДЕН 2002. Индиректно компанијата ги поседува печатницата ДЕЛПАК, компанијата за челична конструкција МАКМОНТИНГ, компанијата за дистрибуција и производство на семиња СЕМЕНАРСТВО и индустриските недвижнини на поранешните производители на кожа и текстил ГОДЕЛ и МАКЕДОНКА.

Бизнисите се интегрираат за да ги искористат предностите на погодната економска клима во сѐ уште растечкиот македонски пазар кој има воспоставено слободна трговија со ЕУ, Турција, Украина, Швајцарија, Норвешка. Исланд, Лихтенштајн, Албанија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Нашето производство е достапно и на домашниот и на странскиот пазар, а стремиме кон претставување на нашите производи пред најразлични побарувачи. Меѓу партнерите и акционерите сме познати како стабилна и брзорастечка компанија со долгорочни цели, која е отворена за нови бизниси.

 

ТЕЛЕФОН

Продажба  +389 32 390 558

email

info@makpromet.com.mk

Работно Време

Понеделник - Петок

7:30 - 15:30

(CET +01:00)

 
DSC_0520.JPG

ЕВРОПА

Лидер во КОНДИТОРСКА индустрија на Балканскиот Полуостров

Во 1957та година, неколку произведувачи на слатки од Штип ги споија своите знаења и генерациски наследени рецепти за да ја формираат корпорацијата која ја именуваа Европа; име кое ја симболизира нивната заедничка цел; производство на слатки кои ќе ги задоволат потрошувачите со најразлични вкусови, култури и традиции. Откако вкусот на Европа стана препознатлив на пазарот, нашиот производствен капацитет континуирано се зголемува за да ги задоволи вкусовите на новите генерациии.

За да го достигнеме брзиот раст, ние ја инвестиравме сета наша енергија во задоволување на вкусовите на клиентите и нашата репутација кај бизнис партнерите. Ги исполнивме овие цели поради контролниот систем во три чекори и доверливоста при остварување на бизниси.  Со нашиот контролен систем сировите материјали се екстра квалитетни и половичните и готовите продукти ги исполуваат како внатрешните, така и стандардите на HACCP системот.

Според нашите внатрешни стандарди од моментот на нарачување, нарачката мора да биде испорачана во рок од максимум  триесет дена. Како резултат на тоа, имаме добиено повеќе од 30 награди за извонреден квалитет, а нашите производи се достапни во 23 држави и тоа; САД, Германија, Швајцарија, Австрија, Израел, Шведска, Данска, Италија, Полска, Романија, Унгарија, Република Чешка и Балканскиот Полуостров.

 

timeline.jpg

 

Денес Чунго има цела дружина на џвакери и тоа; Мона, Луна, Пин, Спити, Кет и Флип. Карактерите на веселата Чунга Лунга Дружина и тетоважите на овој бренд се препознатливи за многу генерации. Нашиот внатрешен дизајнерски тим ги  редизајнираше пакувањата за да ги направи истите модерни и привлечни за новите генерации, не заборавајќи го авторскиот аманет на Мики Мустер. Во нашиот препознатлив стил на илустрација, создадовме едукативни стрипови во кои веселата Чунга дружина се впушти во нови авантури. За сите наши проекти соработуваме со познати македонски илустратори за да го дадеме својот допринос кон македонската уметност и култура. Врската меѓу Македонија и Чунга Лунга датира од уште од  самиот почеток. Иако Чунга Лунга беше словенечки производ, гумата за џвакање се произведуваше во Штип, градот кој решивме да го именуваме како Cunga Lunga град. Подоцна Чунга Лунга стана целосен македонски производ.  Денес, брендот освен новиот дизајн, ја има обновено и својата палета на производи која вклучува Чунга Лунга кроасани, флипс и сладолед.

„Добивме повеќе од 30 награди за исклучителен квалитет на производите, а нашите производи се продаваат во 23 земји“
 

Првиот слоган на Чунга Лунга беше "Чунга Лунга - SVJET DETSKE MASHTE" (Чунга Лунга - светот на детската фантазија).
Нашиот оригинален дизајн е на легендарниот словенечки уметник Мики Мустер.  Познат како словенечкиот Дизни, тој се смета за пионер во областа на стрипот и анимацијата во просторите на поранешна Југославија. Мустер го создаде Cungo, карактер кој ги отелотворува соништата и надежите во секое дете. Безброј деца се препознаа себеси во џвакерот Чунго, па неговите омилени мастики, Cunga Lunga станаа препознатливи кај децата од Балканот.  Тие почнаа да се натпреваруваат едни со други во правење на што поголеми балони и што поголеми колекции на сликички.

 

email: evropa@makpromet.com.mk

banner-printing-va.jpg

Илинден 2002 & Делпак

Немате дизајн?!?
Доверете ни го вашиот продукт и истиот ќе биде најпривлечниот на полицата!

Употребувајќи ја најсофистицираната технологија во регионот, ИЛИНДЕН 2002 и ДЕЛПАК станаа препознатлив DreamTeam во печатарскиот бизнис, познат по нудење на највисок квалитет за најниски цени. 

Создадена за да го информира локалното население во Македонија за битките кои се воделе околу нив во Втората светска војна, првата монохроматска технологија на ИЛИНДЕН 2002 била во употреба сѐ до 1975 година.Технологијата која ја употребуваме во ИЛИНДЕН 2002 е обновувана неколкупати за да го зголемиме нашиот месечен капацитет од 150 тони хартија и да го намалиме времето за принтање на вашата порачка што доведе до брзо исполнување на порачките.

Сега во печатницата врши најразлични брендирања, печати книги, учебници, списанија, дневни весници, постери, покани, разгледници, најразличен промотивен материјал и сл. ИЛИНДЕН 2002 воспоставуви најразлични решенија кога станува збор за модификации кај хартијата односно; сечење, лепење, виткање и пластифицирање. водечки брендови како Брилијант, Витаминка, Винчини, Виталија, Просветно Дело, Ѓурѓа, Рио Кафе, Комерцијална Банка и многу други ги одбраа ДЕЛПАК и ИЛИНДЕН 2002 како доверливи партнери.

Во 2004 година, принт компанија која користи ротогравура, индиректно се приклучи во фамилијата на Макпромет и ги спои силите со Илинден 2002. Тоа придонесе да се зголемат нашите производствени капацитети. Денес, ДЕЛПАК има месечен капацитет од 300 тона хартија со опции за модифицирање на истата.

Контактирајте не:

email: ilinden2002@makpromet.com.mk       Phone 1: +389 32 391 251       Phone 2: +389 32 384 437 


ankica 047.jpg

ЖИТО ЛЕБ

твоето задоволство е наша одговорност

Со отворена фурна уште од далечната 1957 година, пекарата ЖИТО ЛЕБ набрзо создаде продукт кој стана незаменлив дел од штипската трпеза.  За да ја задоволи големата побарувачка, во 1976 компанијата воведе во употреба автоматски печки. Сѐ до денес производството се обнови неколку пати  за да го достигне капацитетот од 3000 векни за еден час.

Преку нашата добро организирана мрежна дистрибуција, снабдуваме свеж леб и пецива во повеќе од 200 маркети. Производството и дистрибуцијата на нашите производи ги исполнуваат условите на HACCP системот, а квалитетот на нашите продукти и состојките кои ги употребуваме, континуирано се теститаат во нашата лабораторија. Примероци од нашите производи праќаме и до Министерството за здравство каде се прават дополнителни тестирања кои ги уверуваат нашите потрошувачи дека внесуваат природни, свежи, здрави и вкусни печени добра.

Дел од нашиот систем за контрола на квалитет се дневните прашалници кои ги спроведуваме за да ги задоволиме различните вкусови и преференци на нашите потрошувачи кои не водеа кон создавањето на нови продукти.

“Направено од најквалитетниот избор на жито, изработено со генерации старо занаетчиство и здрава доза љубов и грижа, нашата пекарница Жито Леб создава најквалитетно тесто и пецива во Источна Македонија”

Доказ за нашиот квалитет е фактот дека во период од 50 години, повеќе од 65% од вкупното население го има избрано Жито Леб како дел од својата исхрана. Наши најнови продукти се спакуваните Cunga Lunga кроасани како и замрзнати пецива. 

Во потрага сме по соработници за да го прошириме присуството на глобално ниво со нашите кроасани и замрзнати печива, па доколку сте заинтересирани за дистрибудија на овие добра, или ви е потребна пекара за кобрендинг, можете да не контактирате.

Доколку барате различен рецепт за вашиот нов приватен бренд, контактирајте не за нашите искусни техничари да ви ги покажат дополнителните опции кои ги нудиме за секој тип и форма на пециво.

email: pekara@makpromet.com.mk           phone: +389 32 391 368           fax: +389 32 386 888     

Photo-0095.jpg

Монтинг Изградба

Вашите експерти за челична конструкција

Инвестирањето во инфраструктура која ќе ги прошири вашите операции е сериозен потфат кој го разбираме и за кој се грижиме исто колку Вас. Монтинг Изградба е вистински избор за изградба на складиште за челична конструкција, производствен погон или продавница. Позади нас цврсто стојат нашите дела, трајни и атрактивни челични конструкции како што се бензинските пумпи Лукоил во Македонија, кои привлекуваат клиенти со нивната естетска вредност. Специјалност ни се и цевководни системи со гасни пумпи, резервоари и секаков вид челични конструкции. Нашиот тим е составен од високо едуцирани и искусни конструктори кој ги следи сите европски безбедносни протоколи и стандарди за изградба на инфраструктура во вашиот дом или бизнис. Покрај тоа, ние нудиме најдобра цена на пазарот!

Телефон

+389 32 380 311

Мобилен

+389 75 441 934

Факс

+389 32 385 888

НЕДВИЖНИНИ

Нашето порфолио на недвижности вклучува независни магацински простори во Скопје, Штип и Св. Николе, комплекс на објети во Скопје во Гази Баба, и комплекс на објекти во Штип (поранешна Македонка). Нудиме канцелариски простор, изложбени салони, магацински простор, и простор пригоден за лесна индустрија. Кај сите простори има довод на оптички кабел, со што овозможува поврзување на интернет и телефон за кратко време. Сите простори во нашето портфолио имаат паркинг простор, патен пристап, и овозможуваат влез и истовар на камиони. Во индустриските објекти има 24-часовно обезбедување, а обезбедуваме и целкокупна поддршка за модификација и прилагодување на електричната мрежа и водовод, а согласно вашите потребни нудиме и градежни услуги за адаптација на просторот. Кај индустриските објекти возможно е и поврзување со приватните бунари кои веќе се лоцирани во комплексот. За повеќе детали и посета ви стоиме на располагање.

Лице за контакт: Никола

+389 75 441 048

realestate@makpromet.com.mk

Локација на недвижности во Скопје

 

Локација на недвижности во Штип

 

500M2 Изложбен салон или канцелариски простор

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Штотуку реновиран простор исполнет со дневна светлина кој е идеален за изложување на вашите производи. или оформување на отворена канцеларија. Влезот е препознатлив, насочен кон влезот на комплексот, а и преку прозорите имате одличен поглед кон дворот. Просторот вклучува 2 тоалети, и мал магацински простор во подрумот, соодветен за инсталирање на парно, печка на пелети или складирање.

Изложбен салон или магацински простор 800M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Нудиме простор соодветен за изложување на вашите производи или користење како магацински простор. Влезот има одлична препознатливост и пристап до паркинг спроти влезот. Освен канцелариите, просторот е отворен и лесно прилагодлив на вашите потреби.

Подрум со пристап на камиони 2000м2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Издаваме подрумски простор од отворен тип до кој има лесен, широк и накосен пат за пристап. Овој простор е соодветно економично решение за складирање на вашата роба, а може да се прилагоди и во серверска фарма. Целокупниот подрумски простор има прозорци, така што има и одредено количество дневна светлина. Доколку ви е потребно, има соодветен отвор и за инсталирање на лифт.

Деловен простор 8000м2

Локација: Амзабегово, Св. Николе

 

КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОР  650M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Нудиме шест неодамна реновирани канцеларии, исполнети со дневна светлина за закуп кои се подготвени да се преселите уште утре! Овие канцеларии се наменети за групно издавање, во прилог на фотографиите е прикажен и просторниот план. Во секоја просторија има веќе наметена електрична инсталација, осветлување и интернет конекција преку оптички кабел. На спратот има заедничка кујна, 2 тоалети, и остава за средства за чистење кои се наменети за користење на сите што го користат канцеларискиот простор.

1350M2 Деловен простор за ПРОИЗВОДСТВО ИЛИ СКЛАДИРАЊЕ

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Овој производствен или складишен простор од 1350 м2 доаѓа со посебен влез за работници и посебен пристап за вилушкари. Оваа 4 метри широка, 2 метри висока врата за пристап на виљушкар вклучува рампа и може дополнително да се прошири. Висината на таваните не е еднаква, и се движи од 4.2m до 12m. Оваа област вклучува 2 плакари за перење, соблекувална и канцеларија. Поголемиот дел од подот е покриен со плочки, а сите соби имаат широк прозорец кој овозможува доволно дневна светлина. Областа е погодна за секаков вид на производство и е погодна за поставување на големи, тешки машини.

изЛОЖБЕН САЛОН И КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОР 900м2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Во завршна фаза на изградба е нов изложбен салон на приземје, со предвиден канцелариски простор на првиот спрат.

380M2 ПРОИЗВОДСТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

Издадено.

Канцелариски простор 640M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Овој деловен простор лоциран на вториот спрат е исполнет со дневна светлина и простран отворен простор, лесно прилагодлив на вашите потреби. Двете широко отворени соби имаат мала кујна, канцеларија и област која може да се користи како гардероба.

Магацински простор 360M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Овој простор за складирање од 360m2 има широка 2.8m врата која има пристап за тешки товарни возила и посебен влез за вработените. Во моментов просторот вклучува мал деловен простор, но може да се прилагоди на потребите на вашиот бизнис. Магацинот располага со плочки.

ИНДУСТРИСКИ ПРОСТОР 400M2 + 500м2 дворно место под покрив

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Лесно пристапен, и простран простор со високи тавани идеален за магацинско работење, или лесна индустрија.

ИНДУСТРИСКИ ПРОСТОР 300M2

Локација: Гази Баба, Скопје (спроти Bricolage)

Издадено.